X
 19.09.2023 Живот

Ова се производите што ќе се продаваат по „гарантирана цена“

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција објави групи на прехранбени производи кои согласно владината одлука треба да поевтинат за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август во трговијата на мало. Тие во маркетите ќе бидат обележани со „гарантирана цена“ до крајот на ноември 2023 година. 

- Трговците на големо треба да одредуваат рабат и други надоместоци кон трговците на мало во висина до 5% и не повеќе - потенцираше министерот.

Тој соопшти дека листата е утврдена и цените ќе треба да се применат откако таа ќе биде објавена во „Службен весник“.

Тестенини, леб и пекарски производи, бисквити, месо, млеко, млечни производи итн. се дел од производите кои тој ги соопшти.

Во продолжение е листата што министерот ја објави на прес-конференцијата.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот