Популарната веб-страница „Ворлд оф статистикс“ објави интересни податоци за најубавите градови во светот. Убавината на градот, се разбира, е невозможно да се измери, но тимот на веб-страницата вели дека Венеција има повеќе од 83,3 отсто од оцените за убавина.
По Венеција се Рим со 82 отсто и Барселона со 81,9 отсто. На четврто место е Прага, а на петто Њујорк.
Венеција планира да наплаќа влезници во градот
Венеција планира следната година да воведе билети од 5 евра за еднодневни патувања со цел да се обиде да управува со пристигнувањето на туристите, соопшти градскиот совет. Картичката ќе има тест-период од 30 дена, а фокусот ќе биде главно на пролетните празници и летните викенди, кога бројот на туристи е на врвот. Влезот ќе го плаќаат сите посетители над 14 години.
Прекумерниот туризам долго време е проблем за кревкиот град. Експертите на УНЕСКО во јули препорачаа Венеција и нејзината лагуна да се додадат на листата со загрозени места на светско наследство, тврдејќи дека Италија не прави доволно за да го заштити градот од ефектите на климатските промени и масовниот туризам.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik