Во една нова студија се открива дека точноста на ПЦР-тестовите (синџир на транскрипција и полимерази, RT-PCR) следи секојдневна шема.
Најголем број точни позитивни резултати се јавуваат во тестовите направени околу пладне, додека вечерните тестови го зголемуваат бројот на лажно позитивни резултати.
Во студијата, исто така, се посочува дека напладне има најголема веројатност и симптоматските и асимптоматските поединци да го пренесат вирусот САРС-КоВ-2 на други.
Имено, научниците од Универзитетот „Вандербилт“ во Нешвил докажале дека веројатноста за точен позитивен резултат е двојно поголема доколку тестот се прави во средината на денот, а не навечер.
Вирусното оптоварување на поединецот станува помало по 20 часа, што значи дека резултатот од тестот спроведен во тој период од денот е поверојатно да биде лажно позитивен.
Најголем број позитивни резултати имало во попладневните часови, околу 14 часот. Ова укажува дека во овој период од денот има најактивно ослободување на заразените честички во крвта и слузта (т.н. вирусна трансфузија).
Фото: Freepik
Ризик од ширење на вирусот
Причината поради која се претпоставува дека се случува трансфузија е тоа што најголемото количество на слободни вирусни честички во слузта треба да се појави веднаш по ерупцијата на вирусните честички од клетките домаќини и пред да се заразат новите клетки.
Лицето со инфекција на САРС-КоВ-2, дури и ако е асимптоматско, има поголема веројатност да го пренесе вирусот кога зборува, дише и јаде во близина на други луѓе, изјави д-р Карл Џонсон, водечки автор на студијата.
Бидејќи деноноќниот часовник го регулира имунолошкиот систем, имунитетот функционира подобро или полошо во различни периоди од денот. Ова е веројатно причината зошто САРС-КоВ-2 може да се ослободи нерамномерно во слузта.
Правењето тест за ковид-19 во оптимално време од денот ја подобрува неговата чувствителност и ќе помогне да се постави точна дијагноза кај луѓе што можеби се заразени, но се асимптоматски.
Исто така, може да помогне да се оптимизира времето на собирање тестови, толкување на резултатите и советување на пациентите. Истовремено, познавањето на времето од денот кога епидемијата е најактивна може да му помогне на персоналот во болниците и во домовите за стари лица да закажат посети на пациентите за да го намалат ризикот од ширење на вирусот, според истражувањето објавено во „Журнал оф бајолоџикал ритмс“.
Авторите на студијата анализирале податоци од 86.342 клинички испитувања спроведени во околу 130 клиники во Америка помеѓу март и август 2020 година.
Фото: Freepik