X
 27.12.2015 Наука

Зошто некои луѓе имаат сини очи?

Ако некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе имаат сини очи, тоа е затоа што ја делат генетската мутација која за прв пат се појавила кај луѓето кои живееле во камено доба, пред околу 7.000 години.

 

sini oci


Научниците веруваат дека ја пронашле првата личност која имала сини очи. Станува збор за човек чиишто остатоци биле пронајдени во пештера во северозападна Шпанија. Тестовите покажале дека бил пронајден човек кој живеел во средината на мезолитот, а ги носел гените на темен тен какви што се наоѓаат во Африка, но сепак бил во сродство со модерните Скандинавци отколку што биле останатите Европејци.

Овие наоди до кои дошло со фрагментирање на ДНК биле пронајдени во забите на човекот.

„Најголемото изненадување беше кога откривме дека оваа личност имала африканска верзија на генот кој кај денешните Европејци предизвикува посветол тен, што значи дека тој имал потемна кожа“, вели Чарлс лалуеза-Фокс, еволутивен биолог на Универзитетот во Барселона.

„Уште повеќе изненадени бевме кога откривме дека имаше и генетска варијација која кај денешните Европејци предизвикува сини очи, што резултираше со уникатен фентип во геномот кој е северно-европски“, додава тој.

„Сините очи кај денешните Европејци се поврзани со истата мутација во генот наречен HERC2. Ако ја имате оваа мутација во двете копии на хромозомот, сигурно ќе имате сини очи. Токму тоа е случај и со човекот пронајден во Шпанија, што е првиот човек кој имал сини очи“, завршува Чарлс.

Претходното истражување од 2008 година покажа дека најраните мутации на сини очи кои довеле до појава на ваква боја, се појавила пред околу 10.000 години кога луѓето живееле на подрачјето на Црното море.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука