Galeksia, единствениот Институт за дигитален маркетинг кај нас, кој овозможува сертифицирани програми за дигитален маркетинг, акредитирани од Digital Marketing Instutute, од денес е
официјален Pearson VUE тестинг-центар.
Pearson VUE е лидер во сертификационото онлајн-тестирање за академски, владини и професионални програми, како што се врши тестирање на практични вештини, ИТ-сертификати и лиценци. Во тестинг-центрите на Pearson VUE се спроведуваат професионални испити кои им овозможуваат на индивидуалците да се здобијат со глобално признати стандардизирани сертификати кои го покажуваат нивото на знаење и вештини, со кои можат да напредуваат во својата професионална сфера.
Тестирањата се одвиваат со помош на најсовремени технологии кои овозможуваат напредок во секоја индустрија. Сертифицираното знаење е многу важно затоа што претставува потврда на знаењето и вештините кои се стекнати, како и потврда дека се применети строги стандардизирани критериуми при проверката на тоа знаење.
-
Критериумите што ги исполни Galeksia за да стане официјален тестинг-центар на Pearson VUE се доста детални и строги - постои една долга листа со прецизно дефинирани услови кои треба да бидат исполнети онака како што се побарани, со цел да се обезбеди конзистентност насекаде низ светот и во секој Pearson VUE тестинг-центар. Овие услови се однесуваат на просторните услови, техничката опрема која мора да се поседува, софтверските решенија, безбедносните аспекти, сертифицирање на луѓе кои ги спроведуваат тестовите, како и кредибилитетот на компанијата која аплицира за да стане Pearson VUE тестинг-центар. Откако ги исполнивме сите овие аспекти, можеме да спроведуваме тестирања - вели Билјана Гриовска, административен менаџер во Galeksia и сертифициран тест-администратор на Pearson VUE.
За учесниците на програмите на Galeksia, важноста на тоа дека Galeksia е официјален Pearson VUE тестинг-центар значи дека сега на едно место поминуваат низ комплетно заокружен процес - ја слушаат програмата креирана од Digital Marketing Institute и
лидерите во индустријата за дигитален маркетинг (Google, LinkedIn, Facebook се дел од нив) полагаат тест и се стекнуваат со глобално признат сертификат.
- Сведоци сме на голем број курсеви, академии и обуки на нашиве простори, но и на светско ниво. Со изучување програма креирана од светските експерти, како што се програмите на Galeksia, се добиваат повеќе бенефиции. Меѓу тие бенефиции спаѓа и учење според најновите промени и глобалните стандарди и стекнување со глобално признат сертификат. Сертифицираното знаење ги отвора вратите кон светот, пред сѐ, поради кредибилитетот, препознатливоста и секако квалитетот кој го овозможува. Чест ми е што сме дел од глобалното семејство на Pearson VUE, што е уште еден наш чекор кон подигнување на стандардот за неформално образование во нашата држава - вели Теодора Филовска, сопственичка на Galeksia.
Освен програмите на Digital Marketing Institute, во Galeksia ќе можете да полагате и сертифицирани испити за Microsoft, Amazon Web Services, Huawei, Harvard Business School Online, Oracle и над 80 други глобално реномирани сертификати.
Фокусот на Galeksia е да им го овозможи најдоброто искуство на студентите во процесот на учење и градење на нивната кариера во сите аспекти.
Програмите за дигитален маркетинг на Galeksia се наменети за професионалци кои сакаат да го унапредат своето знаење; за оние што сакаат да ја променат својата професија и имаат афинитет кон дигиталниот маркетинг; за сопствениците на мали бизниси кои можат да се развиваат и растат со соодветната примена на дигиталниот маркетинг; како и сите оние што се на почетокот на својата кариера и сакаат да започнат дигитален развој. Кога имаш соодветни вештини, никој не може да застане на твојот пат кон успехот.
За повеќе информации, посетете ја
веб-страницата на Galeksia.
(Комерцијална објава)