X
 31.10.2017 Технологија

AllWeb и оваа година со поволности за студентите

Ограничен број на влезници по поволна цена се достапни за студентите, заинтересирани за учество на AllWeb, конференцијата за дигитален маркетинг што ќе се одржи на 17 ноември во Драмски театар, во Скопје. По специјална цена студентите добиваат можност, како и минатите години, да ги слушнат презентациите за новите трендови во дигиталниот маркетинг и бизнис иновации, донесени од страна на врвни експерти во областа. Овој тип на влезници се достапни за купување исклучиво онлајн, на allweb.mk.

allweb

„Една од целите на AllWeb е да го подигне нивото на знаење за новите трендови во дигиталниот маркетинг кај засегнатите страни. Препознавајќи ги студентите како клучен сегмент од овој екосистем, секоја година им овозможуваме специјални услови за да бидат дел од конференцијата. Веруваме дека така ќе им помогнеме да го збогатат своето практичното знаење, но и да си го прошират портфолиото на професионални контакти, со тоа што им овозможуваме да се дружат со претставници од  компаниите, претприемчи, агенции за маркетинг и односи со јавноста и други практичари од оваа сфера“, вели Славица Биљарска, ко- организатор на конференцијата.

За годинешното, шесто по ред издание на AllWeb најавени се петнаесетина говорници, реномирани експерти од сферата на дигиталниот маркетинг кои своите успешни приказни и научени лекции ќе ги споделат со повеќе од 270 присутни. Главни теми на конференцијата се е-трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization).

Форматот останува ист како и претходните години: комбинација  на презентации и панел дискусии, одлични говорници и содржина, и супер можност за професионално дружење. Повеќе информации за содржината на конференцијата, говорниците и за билетите, се достапни на allweb.mk.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија