Македонската репрезентативка во традиционално теквондо, Христијана Парулеска од Охрид, освои сребрен медал на Европското првенство што деновиве се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.
Државната првенка Парулеска во силна конкуренција репрезентативци од 27 држави од контитентот го зазеде второто место и го одбрани сребрениот медал освоен минатата година во Пореч, Хрватска.
Селекторот на македонската МТТФ репрезентација, Марјанчо Лазаревски, изрази задоволство од освоениот трофеј, истакнувајќи дека натпреварувањата продолжуваат, со очекувања за уште одличја за седумте наши репрезентативци кои се натпреваруваат во Италија.
Репрезентацијата на Европскиот шампионат отпатува со поддршка на Агенцијата за млади и спорт како и на Општина Охрид.
Извор: МИА