Книгата може да служи како возило кое ќе не` однесе во друга авантура и непозната дестинација. Таа може да ни биде пријател, инспирација, учител. Таа може да служи како лекција, често доста корисна и практична која ќе ни овозможи конкретни информации или понекогаш апстрактни и филозофски идеи. Во секој случај, таа може да ни помогне да го отвориме нашиот ум за нови идеи и погледи кон светот.
Постојат голем број поволности кои читањето ни ги овозможува, а ова се само некои од нив.
1. Забава
Пред се`, читањето е забавно. Светот на литературата е толку разновиден, со толку различни жанрови, што скоро е невозможно некоја личноста да не пронајде книга во која ќе ужива.
2. Бесплатно е
Секако, постои можност да одите во книжарница и да потрошите пари за книги, меѓутоа тоа не е неопходно. Луѓето често с ежалат дека им е тешко да порнајдат вид на забава во овој свет полн со скапи забавни паркови, луксузни ресторани и клубови, додека библиотеките чекаат со широко отворени врати.
3. Ќе научите нови зборови
Додека читаме, секогаш наоѓаме непознати зборови. Колку повеќе читаме, толку повеќе се збогатува нашиот речник. Широкиот вокабулар може да биде од голема важноста з анас, нашето образование и работа, особено во моменти кога сакаме да оставиме добар впечаток.
4. Усвојување на ново знаење
Читањето е всушност учење. Што и да читате, секогаш ќе усвојувате нови информации. Освен тоа, читањето ви дава и поголема самодоверба.
5. Концентрација
Ги поминуваме деновите работејќи многу работи истовремено. Ова може да биде особено оптеретувачко за нашиот ум. Од друга страна, читањето бара концентрација и мир, и бара да се посветите само на една работа во тој момент, а тоа е книгата и она што го читате. Читањето е одличен начин да работите на вашата способност за концентрација.
6. Техника за опуштање
Дали сте се почувствувале напнато и сте посакале да излезете од сопствената кожа? Со добрата книга ќе се опуштите, а таа ќе ве однесе во друга димензија на светот. Многу луѓе премногу размислуваат за нивните проблеми, и често им е потребна пауза од сето тоа. Книгата ќе ви помогне да се опуштите за подоцна да можете да се вратите на решавање на проблемите.
7. Ви поминува времето
Ова е една од предностите на читањето која е исто така практична - можете да читате додека патувате, додека чекате итн. На овој начин ќе внесете малку забава во досадните секојдневни активности.
8. Инспирација
Можеме многу да научиме дури и од искуството на измислените ликови од книгата. Овие ликови често пати претставуваат извор на инспирација, исто како ликовите кои ги познаваме во нашиот реален живот. Истото е и со местата, случувањата и фактите кои се опишано во книгата која ја читаме.
9. Го вежбате вашиот мозок
На нашето тело потребна му е активност. Тоа значи дека и на нашиот мозок потребна му е таква активност. Научно е докажано дека читањето има големо влијание врз нашиот мозок.
10. Спасување на светот
Звучи премногу, нели? Но, не е премногу. Она што на овој свет му е потребно е образовани, самосвесни луѓе со отворен ум кои имаат изобилство на инспирација и многу идеи. Читањето создава вакви луѓе, особено кога тие читаат различни жанрови и теми.