X
 25.04.2018 Култура

Холандскиот град што постојано го менува името

Историскиот плоштад Олдехофстеркеркхоф во Леуварден, главниот град на провинцијата Фрисланд во Холандија, претставува впечатлива необичност.

Тука се наоѓа Де Стархове, недовршената кула од 16 век која е толку крива, што е наведната повеќе отколку таа во Пиза. Тука е и блескавиот Национален музеј за керамика „Принцезехоф“, Гементехуис, односно Градското собрание.

Меѓутоа, најчудно е дека ова е Лан фан таал (земјата на јазикот на фризиски), куќата посветена на илјадници јазици. Дополнување на плоштадот е зградата како дел од годишната програма за европска престолнина на културата „Леаврдлен-Фрисланд“, која претставува 6.720 јазици, сеопфатен каталог на светски јазици, вклучувајќи го и фризискиот јазик, главен јазик на покраината - соодветно, особено затоа што Леуварден или Лиуард, Лилдаден, Леваден, Лут, Леард или Леоардија е познат како „Градот со 100 имиња“.

„Се обидуваме да им дадеме живот на јазиците, и не постои подобро место од овој град со толкава лингвистичка историја. Ова е двојазична провинција, во која се зборува и фризиски и холандски, а постојат и 128 националности што живеат во Леуварден, така што оваа приказна ја слави нашата разновидност, но исто така ја промовира и повеќејазичноста“, вели Сиарт Смит, директор на програмата.

Половина од светските јазици се загрозени од исчезнување, па тоа е причина за истражување на Лан фан таал. Околу оваа извонредна изложба, дрвените блокови се испишани со јазици по азбучен ред.

grad
Фото: Wikipedia

Самиот град Леуваден одржува длабока лингвистичка приказна: неговото име е во состојба на флукс уште од 10 век. Всушност, Леуварден има влезено и во Гинисовата книга на рекорди со 225 различни варијации, иако само 100 алудираат на неговиот прекар. Но како овој град доби толку имиња?

За почеток, причината е географијата. Лоциран во оддалечените северозападни територии на земјата, Фирсланд е опкружен од три страни со каллив морски брег, мочуришта и Ваденското Море. Покраината станала дел од модерното кралство на Холандија, создадено во средината на наполеонските војни во почетокот на 19 век, додека остатокот од Европа се собирал за да го порази францускиот лидер. Меѓутоа, Холанѓаните денес сметаат дека Фринзланд е странска земја. За разлика од другите места во Холандија, животот во ова место е побавен, жителите се стереотипни и изолирани.

„Пред 1804 година не постоел официјален правопис, па сите го пишувале повеќе или помалку, на начинот на кој го изговарале. Можете да напишете Лоуверд или Лоуверт бидејќи д на крајот звучи како т. Или Луоуверд, Лјоуверд или Лиоуверд, бидејќи сите имиња се изговараат на ист начин.

Од 1500 до 1520 година правописот на името на градот се менувал на речиси две години.

„Дури и денес, имињата на холандските градови и села никогаш не биле официјално стандардизирани од холандската влада. Нема правила, така што уште од почетокот на 20 век го напишавме Леуварден на холандски, а фразиската влада го задржа Лоуверт како официјална форма“, вели Хенк Оли од Историскиот центар во Леуварден.

Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура