X
 20.05.2022 Живот

Објавено последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, поемата „Нова Атлантида“, конечно излезе од печат. Станува збор за финалната книга на која Бакевски работел пред својата смрт, во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. 


Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. Уредник е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша Јелена Лужина.  

„Нова Атлантида“, како што има кажано Петре Бакевски, е сублимат на целото негово поетско, книжевно и животно искуство. Во неа се сите негови возвишувања и паѓања, сите негови соништа и изгубени илузии.
 
Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 - 25 август 2011) е еден од најзначајните македонски писатели, интелектуалци и книжевници. Беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“. Добитник е на низа награди и признанија во македонската културна сфера и пошироко.
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот