Првпат се снимени остатоците на мистериозниот древен град Нан Мадол, кој многумина го нарекуваат „
Нова Атлантида“.
Новата технологија им овозможи на научниците целосно да го испитаат древниот град, кој досега беше обвиткан со превез на мистерија поради непристапната локација.
Станува збор за град кој се наоѓа на брегот на Микронезија и опфаќа 97 камени блока што се сместени на корален гребен среде лагуна. Малите островчиња се одвоени со тесни водни канали и затоа многумина го споредуваат Нан Мадол со изгубената Атлантида.
Името „Нан Мадол“ значи „простор помеѓу“ и овој град со децении ги збунува археолозите и другите стручни лица што се обидуваат да утврдат зошто островчињата врз кои е изграден имаат „сомнително правилна форма“.
„Зборуваме за околу сто острови што се со сомнително сличен изглед и геометриски правилна форма. Се обидуваме да утврдиме на кој начин и со каква цел е изграден овој град“, истакна Џорџ Куруни во емисијата „What on Earth“ на каналот „Science“.
Градот се наоѓа на околу 4.000 километри од Лос Анџелес и 2.500 километри од брегот на Австралија.
Историчарите сметаат дека бил населен уште во првиот или вториот век од оваа ера, но не се знае многу за расата што го населувала.
„Доволно е неверојатно да се погледнат сателитските снимки на планот на градот, но кога ќе се приближите до теренот, сè станува уште почудно. Градот го сочинуваат ѕидови кои се високи по осум, а широки по шест метри“, истакнува доктор Карен Белингер.
„Нан Мадол повремено се нарекува и град на духови затоа што многумина тврдат дека е проколнат“, додава истражувачот Џорџ Курунис.