X
 20.07.2018 Живот

Швајцарска црква ги замени ѕвоната со мелодии од телефон

Додека локалната католичка црква и нејзината камбанарија во Луцерн, мал град во Швајцарија, се реновираат, градот им се обрати на студентите од блискиот универзитет за да помогнат да се најде замена за ѕвоната што сега се замолчени. Нивното решение? Мелодии од паметни телефони.

Првично започна како шега, но благодарение на двајца студенти што студираат уметност на Универзитетот за применети науки во градот, од „Свети Петар“ сега ечат мелодии за ѕвонење на телефон, попознати како рингтонови - вклучувајќи ја и препознатливата „Marimba“ на ајфонот, која сигурно инстинктивно ги тера оние повеќе од 80.000 жители на градот да посегнат по своите телефони за да не пропуштат повик.

За жителите и туристите да не збеснат од уметничкиот проект, мелодиите ќе свират само до 31 јули. Не се знае дали ѕвоната на црквата повторно ќе ѕвонат од август или, пак, локалното население ќе биде подложено на други уметнички алтернативи додека не заврши реновирањето.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот