X
 01.10.2016 Економија

Каде ги чуваат парите богатите луѓе?

Длабоко во Швајцарските Алпи, во близина на авинските писти за приватни авиони, се наоѓа стар воен бункер со трезор во кој наводно се наоѓа најголемиот склад на злато во светот, пишува Bloomberg.

 

 

 

 

Влезот во бункерот го заштитува чувар облечен во панцир, а се работи за метални врати кои се вграднеи во гранитна карпа на крајот од тесен селски пат. По проаѓањето низ вратите, се наоѓаат уште две врати, па се стигнува до масивен метален портал од 3,5 тони кој се отвора единствено со внесување на сигурносен код, преку скенирање на зеници и систем за распознавање на лице. Позади овие сигурносни пунктови се наоѓа влезот во тунелскиот лавиринт кој некогаш бил користен од страна на швајцарската војска.

 

Заради страв од загрозување на безбедноста, сопственикот на трезорот  сака да остане анонимен. Се плаши дека дури и објавата на името на неговата компанија би можела да ги привлече крадците. Тој одбива да одговори на прашањето колку внимание посветува на клиентите, но вели дека многумината кои ги бараат неговите услуги, обично паѓаат на сигурносниот тест.

 

По финансиската криза во 2008 година, побарувачката за трезорите за складирање на злато драстично е зголемена. Многу од богатите луѓе во златото гледаат сигурна алтернатива, заради нестабилноста на банките или ризичните инвестиции, особено во периодот кој беше одбележан со нестабилност на пазарот.

Интересот на јавноста беше привлечен во неколку случаеви во кои американските, француските и германските власти не ги навеле своите граѓани кои имале сметки во швајцарските банки во своите даночни пријави, па многумина побарале друго решение.

 

Од друга страна, бизнисот со трезорите не подлега на истата регулатива која од швајцарските банки бара да пријават на властите било каква сомнителна активност или трансакција. Американците според законот кој ги регулира даноците на сметки во странство, не се обврзани да ги пријават залихите на злато кои ги поседуваат надвор од финансиските институции.

 

Затоа и не е чудно што таквиот бизнис цвета. Според процените на швајцарското министерство за одбрана, од околу илјада воени бункери ширум Швајцарија, неколку стотини се продадени во послендите неколку години, а десеттина од нив служат токму за складирање на злато или важни податоци.

 

За клиентите се нуди и луксузно сместување. Веднаш до авинската писта се наоѓаат и неколку луксузни апартмани.

 

Трговијата со злато е важен дел од швајцарската економија, според Џон Касар, специјалниот агент на американскиот државен трезор. Во првата половина од годината, во Швајцарија се увезени 1357 тони злато, во вредност од 40 милијарди долари, според податоците на швајцарската царина. Според овие податоци, во втората половина од годината можно е и да се надмине рекордот за увезено злато поставен во 2013 година.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија