Ви пишувам со надеж дека ќе добијам некаква насока за тоа како да продолжам со воспитувањето на мојот поголем син. Тој во мај ќе полни 5 години, а има и брат кој е помал од него само 13 месеци. Во последен период неговото однесување е доста агресивно, односно го удира со рака и нога секој што ќе му укаже дека прави нешто што не е во ред (мајка, татко, баба, дедо). Го удира братчето за секоја грабната играчка и иако знае дека тоа што го прави е лошо, продолжува. Не сака да се покори, туку се расправа и не можеме да комуницираме повеќе. Ова е доведено до степен што ми доаѓа желба едноставно да кренам раце од него затоа што секој разговор е залуден. Сакам да напоменам дека преку ден не спие и можеби и од тука му доаѓа нервоза. Пробав да го запишам на неколку активности, но не го интересира ништо. Секаде каде што имаше инструктор кој е строг и понекогаш вика, не му одговараше. Упорно зборува дека ме сака само мене и на моменти плаче очајно и без престан, дека нема повеќе да прави така, но тоа не се случува.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк