Ќерка ми има 14 години и оди во деветто одделение. Во последниве два месеца почна да се однесува чудно и да се дистанцира од повеќето нејзини соученици со изговор дека не сакаат да се дружат со неа, ѝ зборуваат зад грб, ја исмеваат доколку нешто не знае на час итн. Инаку, таа е одличен ученик со исклучок на оваа година кога малку попушти во учењето. Се убедуваме да учи повеќе, да ја мотивирам со нешто, па и да ја казнам понекогаш со одземање на мобилниот и така.
Проблемот е што пред 1-2 недели забележав гребеници по нејзините раце и кога ја прашав од што се, добив одговор дека не е сигурна, дека во училиште се изгребала. Вчера повторно се случи истото и решив да седнам да поразговарам со неа. По неколку обиди да изнајде изговор, ми призна дека ги направила сама со нокти во моменти на нервоза. Разговорот ни траеше прилично долго и јас се обидував да дознам дали станува збор за нешто повеќе од стресен период на училиште.
Би сакала да ме посоветувате како да пристапам кон овој проблем и дали мислите дека би можело ова да продолжи?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк