„Фејсбук“ ја претстави новата функција наречена „3Д-фотографии“ (3D Photo) што на сликите во „Њуз фид“ им додава елемент на длабочина.
Социјалната мрежа ја опишува функцијата како нов начин да се споделуваат сеќавања и моменти во времето со помош на забавна димензија во „Њуз фид“ и виртуелната реалност. Новата функција може да ја „фати“ разликата помеѓу субјектот во прв план и заднината на фотографијата за на сцените да им даде животни длабочини и движење.
Еве како функционира и како да ги создадете, споделите и погледнете вашите 3Д-фотографии.
Фото: Pixabay
Што е „Фејсбук 3Д-фотографија“?
Новата функција првично беше најавена во мај оваа година, а нејзината цел е да им даде длабочина на фотографиите со двоен систем на камери на мобилните телефони благодарение на подобрувањата на софтверот.
Како да гледате 3Д-фотографии?
Секој може да ги гледа со помош на мобилната апликација. Кога ќе ги гледате овие фотографии, лесно движете го телефонот за да ја промените перспективата.
Како се прават 3Д-фотографии?
Потребен ви е телефон со двојна камера како „ајфон 7 плус“, „ајфон 8 плус“, „ајфон Екс“, „ајфон Екс-Ес“, или „Екс-Ес Макс“. И други телефони ја имаат оваа функција, како андроид-моделите „галакси ноут 9“ и „Ел-Џи В35 тинк“, но „Фејсбук“ изјави дека нема поддршка за нив.
Како се прави и споделува 3Д-фотографија?
Започнете така што ќе направите нов пост на фејсбук-апликацијата, а потоа кликнете на икончето со три точки за да ги видите сите опции. Изберете ја опцијата за 3Д за да можете да отворите фолдер со портрети на „ајфон“. Изберете еден. Ставете коментар и споделете.
Моментално сите можат да ги видат фотографиите во „Њуз фид“, а наскоро ќе им биде овозможено и да уредуваат и да споделуваат 3Д-фотографии.
„
Фејсбук“ најави дека оваа опција ќе биде достапна за сите до крајот на 2018 година.