Сигурно мислите дека владите што бараат дигитален надзор над нивните граѓани би избегнале да се повикаат на авторот кој го измисли изразот „Големиот брат те гледа“ и го всади кошмарот за целосен државен надзор во имагинацијата на милион читатели.
Размислете повторно затоа што руските власти не се согласуваат со ова.
Имено, потпишани се договори што надминуваат 29 милиони долари, за набавка и инсталирање на надзорни камери во училиштата во Русија кои имаат можност за препознавање лица. Системот е наречен „Орвел“, по британскиот автор на дистопискиот роман „1984“ и романот „Животинска фарма“.
Компанијата што има задача да го изврши проектот во име на регионалните власти е Националниот центар за информатизација, подржуница на државниот конгрегат за одбрана и технологија „Костец“.
Системите за видеонадзор се доставени до 1.608 училишта низ Русија, а целта на системот е да внимава на влегувањето и излегувањето на учениците, како и идентификувањето на непознати луѓе кои се обидуваат да влезат во училиштето, меѓу другите работи.
„Елвис-Неотех“, подружница на државната компанија за нанотехнологија „Роснано“, е одговорна за подготовка на системите за нивна продажба, според Евгениј Лапшев, претставник на компанијата. Лапшев вели дека системот „Орвел“ ќе стане безбедносна карактеристика во сите руски училишта во наредните години - а тоа се над 43.000 училишта.
Плановите доаѓаат по порастот на насилни инциденти во руските училишта во последните години, вклучувајќи и серија инциденти со нож кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година што предизвика повик до пратениците за зголемени безбедносни мерки и строг мониторинг на посетителите.
Фото: Pixabay
- Барањата за обука и овластување на вработените во приватните организации за безбедност, особено оние што чуваат училишта и градинки, мора да бидат построги - вели Василиј Пискарев, претседател на парламентарната Комисија за безбедност и контрола на корупцијата, по инцидентот со нож во октомври 2019 година.
Но, покрај притисокот да се зајакне безбедноста во училиштата, активистите за права во
Русија предупредуваат дека технологијата за препознавање лице и други технологии за надзор се користат многу пошироко и со минимален надзор, што доведува до намалување на слободата на говорот и движењето и на крај кон губење на приватноста на податоците.
Од март, кога почна епидемијата на коронавирусот во Русија, властите почнаа со користење технологија за препознавање на лице за да ги идентификуваат и казнуваат оние што ќе го прекршат карантинот распоредувајќи мрежа од над 100.000 камери во Москва, кои водат до централната база на податоци достапна за илјадници полицајци во секое време.
Покрај тоа, голем број апликации за паметни телефони беа задолжителни за лицата со симптоми на Ковид-19 и покрај укинувањето на рестрикциите на 9 јуни. Сето ова предизвика страв помеѓу луѓето кои се борат за приватност на податоците.
Алиона Попова, активистка која во октомври 2019 година почна судска постапка против употребата на московските камери за препознавање на лице, предупреди дека под маската за борба против коронавирусот, службените лица работат на спроведување тотален надзор.
Минатата есен министерството за образование на Русија ги разјасни критериумите според кои може да се користи препознавањето на лице во училиштата. Сите, вклучувајќи ги и вработените во училиштата и родителите на учениците, ќе треба да дадат дозвола.
Фото: Pixabay