Дали некогаш сте слушнале цела земја да напише песна за една личност?
Актерот Рајан Рејнолдс ја има таа единствена и исклучително ретка чест да биде вистинска канадска икона.
Рејнолдс, кој отсекогаш бил многу гласен за љубовта кон својата татковина, неодамна ја доби наградата за уметност. За да ја одбележи оваа пригода, на актерот му беше врачена и специјално напишана песна. Па, ако Рејнолдс некогаш се сомневал, сега сигурно знае дека Канада го сака.
Песната, наречена „Kanada Loves You Back“, е отпеана од уште еден добро познат Канаѓанец, Стивен Пејџ. Драматичната мелодија го фали Рејнолдс за неговите достигнувања во изведувачките уметности, како и неговите филантропски напори за време на пандемијата, кога го нарекуваа суперхерој на Канада.
Не е потребно да се каже дека актерот беше трогнат од гестот.
- Неверојатно е, ме расплака. Претпоставувам дека ова е доказ за мојот успех - изјави тој, објавувајќи видео на неговите социјални мрежи и истакнувајќи дека не плаче, туку тоа е „јаворов сируп“.