„Мозила Фајрфокс“ неодамна ја објави најновата верзија на пребарувачот на „Фајрфокс“ во која беа вклучени вообичаените технолошки ажурирања и поправки на грешки, меѓутоа, воведе и нешто што одамна го чекавме, а ќе ги намали вашите нервози.
Со најновото ажурирање, „Фајрфокс“ сега може автоматски да го блокира автопуштањето на аудио или видеозаписи - злото на модерната мрежа. Начинот на кој „Мозила“ го имплементира ова е доволно паметен за да препознае кога видеото е пуштено со исклучен звук, така што тогаш го остава видеото да биде репродуцирано. Ако станува збор за веб-страница за вести што инсистира да ве бомбардира со непривлечно видео, тогаш веб-страницата ќе го исклучи.
Доколку сакате да го гледате видеото што го пушта веб-страницата, а што го блокира „Фајрфокс“, тогаш можете да го направите тоа со едноставно кликање на копчето „плеј“.
Новата верзија на „
Фајрфокс“ носи уште неколку подобрувања, како што е „scroll anchoring“, опција што гарантира дека нема да „скокате“ низ страницата додека се вчитуваат бавните реклами. Други ажурирања вклучуваат способност да пребарувате во рамките на табовите, подобро приватен режим на пребарување и појасни безбедносни предупредувања и поддршка за автентичност за „Виндоус Хелоу“. „Фајрфокс 66“ исто така ветува подобрено искуство во поставките за проширување што треба да направи веб-страниците да вчитуваат побрзо.