X
 01.11.2022 Технологија

Село во Индија намерно се исклучува од интернет секој ден

Село во сојузната индиска држава Махараштра тврди дека не е зависно од телевизија и мобилен интернет.

Секој ден, во 19 часот, во селото Вадгаон се пушта сирена која е знак за сите жители да ги исклучат телевизорите и мобилните телефони. Уредите може повторно да се вклучат на втората сирена во 20:30 часот, известува Би-би-си.

Одлуката за ова била донесена летово од страна на селскиот совет. Во селото живеат околу 3.000 луѓе, а поголемиот дел од нив се земјоделци или работници во фабрика за шеќер.

Според Виџеј Мохите, претседател на селскиот совет, децата станале зависни од телевизија и мобилни телефони поради онлајн часовите што се одржувале за време на пандемијата. Покрај нив, возрасните исто така поминувале многу време на своите уреди.

Според жителите, мерката функционира бидејќи им помага на родителите да поминуваат време со децата и да им помагаат во учењето.

Мохите открил дека на почетокот имало жители на кои не им се допаднала идејата, па имплементацијата на мерката не била лесна. На почетокот групи селани и членови на селскиот совет оделе низ селото и ги поттикнувале жителите да ги исклучат уредите.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија