X
 21.03.2024 Живот

Возбудлива научна работилница за деца „Робо-авантура“ на IQ UP!

IQ UP! едукативната франшиза за СТЕМ-едукација за деца, позната по своите квалитетни образовни програми, организира научна работилница под наслов „Робо-авантура“, наменета за деца од 5 до 9 години со цел да ги воведе во возбудливиот свет на роботиката и науката.

На научната работилница „Робо-авантура“ учесниците ќе имаат уникатна можност да се запознаат со основите на електрониката и роботиката преку серија интерактивни активности и забавни предизвици. Работилницата е дизајнирана да ги стимулира креативноста, логичкото размислување и тимската работа кај децата, обезбедувајќи им знаења и вештини кои ќе бидат клучни во нивната иднина.

Од создавањето просто струјно коло за да го осветлат носот на роботчето Р1 до истражување на функциите на роботот Такобот, учесниците ќе бидат водени чекор по чекор низ светот на технологијата. Кулминација на работилницата е изработката на сопствен робот кој ќе може да создава уметност со креирање кружни форми, обединувајќи ги науката, технологијата и креативноста на едно место.



Времетраење на работилницата: 90 минути;
Цена: 500 ден.

Работилниците се одржуваат во различни термини во сите IQ UP! училишни центри низ цела Македонија.

Пријавете се на овој ЛИНК или резервирајте место за вашето дете на следните телефони:

IQ UP! Аеродром 070 382 269;
IQ UP! Карпош 078 887 889;
IQ UP! Велес 075 380 443;
IQ UP! Прилеп 071 308 446;
IQ UP! Охрид 078 249 507;
IQ UP! Кавадарци 075 448 873;
IQ UP! Кичево 071 777 939;
IQ UP! Штип 079 324 249;
IQ UP! Гевгелија 077 771 708;
IQ UP! Струмица 078 340 709

Придружете се на „Робо-авантура“ и заедно да ја истражиме магијата на науката и технологијата!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот