X
 24.06.2023 Живот

Интервју со Бисера Карадимче и Марија Бојаџи - франшизери на IQ UP! иновативниот училиштен центар во Охрид

Интервју со две инспиративни жени кои имаат цел да го променат лицето на образованието во Охрид - Бисера Карадимче и Марија Бојаџи - франшизери на IQ UP! иновативниот училиштен центар во Охрид.

Овие две жени одлучија да отворат IQ UP! училиштен центар во Охрид и веќе една година успешно го менаџираат, верувајќи дека децата заслужуваат подобрување на традиционалните методи на едукација и дека е време да се внесе свежина во начинот на тоа како децата учат и се развиваат.

Марија, што Ве инспирира да отворите IQ UP! училиштен центар во вашиот град Охрид?


Откако го истраживме концептот на IQ UP!, веднаш бевме импресионирани од иновативниот и уникатен пристап кон образованието. Видовме дека ова е нешто што на нашите деца во Охрид многу им треба - подобрување на традиционалните образовни методи и внесување нов, ефективен и мотивирачки начин на учење.
Клучна беше желбата да придонесеме кон развојот на нашите деца и да ги подготвиме за иднината на најдобар можен начин.



Каква едукација нуди IQ UP!? Кои се главните цели на IQ UP! едукацијата и што е тоа што го прави овој образовен концепт уникатен?

IQ up нуди многу, особено како место за приспособување кон новиот развоен предизвик на детската популација. Значаен е неговиот експериментален научен пристап, постојано придружен со визуализација и функционалност на појавите, поимите, законитостите кои ги обработува. Се грижи за развојот на децата, како и за невропластичноста, која е од исклучително значење во раната возраст, нудејќи активности поврзани со моторика, координација, контрола на телото. IQ Up! ги следи образовните трендови нудејќи запознавање и основа во СТЕМ (наука, технологија, математика и инженерство) едукацијата и програмирачките вештини приспособувајќи ги на соодветната возраст.



IQ UP! ги поттикнува децата да бидат истражувачи во своите училници. Како оваа помага во развојот на децата и подготовката за нивната иднина?

Преку IQ UP! програмите децата се поттикнати на истражување, откривање, проверување, насочувајќи ги да ја сфатат суштината на појавите кои се обработуваат, создава потреба за каузално поврзување на работите, што треба да биде основа и модел за понатамошната надградба и начинот на разбирање на нештата низ животот. Сметам дека од исклучително значење во експерименталната работа е можноста експериментот да биде успешен или не, што децата ги поттикнува на повторен обид, трпеливост и упорност.

Бисера, IQ UP! е како светилник во образовниот систем кој ги води учениците кон нови знаења. Како Вие како франшизер ја вклучувате оваа визија во вашиот работен ден и како тоа влијае врз вашите ученици?

Задоволство е дел од работното време да се посвети на програмата која е посветена на најмладите, знаејќи дека со неа се влијае врз мисловниот процес, градејќи стратегии со кои се разбира суштината на природните и општествените појави што се проучуваат. Задоволство е да се соработува со наставничкиот кадар, кој постојано бара и изнаоѓа покреативен начин како стекнатото знаење да им го пренесе на своите ученици, но не е само знаењето, туку и да ги ислуша кога им е потребно, да одговара на нивните дилеми и недоумици.



Вашиот центар во Охрид е дел од големата IQ UP! франшизна мрежа на училишни центри во државата. Како работите во синхронизација со другите центри и како ова влијае врз успехот на вашите ученици?

Соработката во IQ UP! мрежата е значајна поради можноста за споделување искуства, меѓусебна поддршка, можноста за размена на искуства и начини на надминување на предизвиците помеѓу наставниот кадар, кој е највклучен и најзаслужен за успехот во програмата.




Која би била Вашата порака до сите родители во Охрид кои се прашуваат дали IQ UP! е вистинското место за нивните деца?

IQ UP! програмата е со широка опфатност, вклучувајќи ги природните, општествените науки, јазикот и технологијата, нуди можност секое дете да се пронајде себеси и својот интерес во таа ширина на научни содржини. Влијае врз градењето на мисловниот процес, увид за поврзаноста на појавите, нивните причинско-последични врски, што ќе придонесе и за квалитетот на логичкото размислување. Децата заслужуваат да ги откријат своите интереси, афинитети и таленти.






(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот