Нова креирана мапа покажува кој збор е најмногу користен во текстовите за секоја земја, напишани на англиски јазик, на познатата „Wikipedia“.
Исклучени се зборови како „the“, „country“, „government“.
Ова се неколку од најинтересните:
- Најкористениот збор во текстот за Велика Британија е „Ирска“, а за Ирска пак, е зборот „држава“
- Во текстовите за САД и Шпанија најкористен е зборот „војна“
- За Русија и земјите од СССР најчесто се споменува зборот „Советски“
- За Северна Кореја се користи најмногу зборот „југ“, а кај текстот за Јужна Кореја зборот „север“
- Кај островските земји се користи најмногу зборот „остров“
- Кај Европските земји најчесто се појавува зборот „свет“
Поголема верзија на мапата можете да пронајдете
овде.