X
 13.03.2021 Живот

Гласни сте по природа? Доколку живеете во Јапонија, ќе бидете означени на мапа

Кога ќе помислите на Јапонија, веројатно мислите на тивко место со градини и храмови. Но не е така. Градини и храмови има во земјата, но има и врева.

Јапонија е една од најурбанизираните земји во светот бидејќи 92% од населението живеат во градовите. Овие жители живеат со врева. Во 2018 г. извештај од Светската здравствена организација (СЗО) покажа дека Јапонија е најбучната држава во светот. Во фреквентните метро-станици има врева на ниво од околу 100 децибели, што е речиси двојно над препорачаната граница според СЗО. Затоа, зборот „dorozoku“, што објаснува човек што го попречува движењето, зборува гласно и им пречи на другите, е популарен во земјата.

Овој збор станал популарен благодарение на веб-страницата „DQN Today“, која објавува известувања за врева и други настани што може да им го попречат мирот на другите. На веб-страницата има интерактивна мапа на која може да се видат локации на кои жителите прават врева. На мапата има над 6.000 „бучни“ локации кои биле детектирани од локални жители.


Фото: Принтскрин/DQN Today

Мапата постои од 2016 г., а ја направил жител на Јокохама кој сакал да остане анонимен. Тој бил поттикнат да ја направи мапата поради деца што правеле врева во близина на неговиот дом и му ја нарушувале концентрацијата. Тој сакал мапата да им помогне на другите луѓе да ги одбегнуваат бучните населби како неговата.

Меѓу другото, на мапата има и поплаки за гласни деца кои се „како мајмуни во зоолошка градина“, како и семејства што прават скара иако просторот помеѓу куќите е тесен.

Веб-страницата е популарна насекаде низ Јапонија, а била особено често користена од почетокот на пандемијата поради зголемена бучава. Бројот на поплаки е поголем за илјадници од периодот пред пандемијата.

Автор: Френк Џејкобс
Извор: bigthink.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот