X
 21.05.2026 Живот

Сака да јаде само чоколадни работи, друго не сака ни да помириса ни да проба... Што да направам?

Моето дете има 4 години и 3 месеци. Говорот уште не му е оформен, инаку одеше на дефектолог и сѐ е во ред. Сега одиме на логопед и добро напредува. Меѓутоа, имаме друг проблем. До третата година јадеше тотално сѐ. Беше блендирано, ама од 3 години наеднаш престана да јаде 90 % од тоа што го јадеше. Останавме само на спанаќ со кромид, јајце и кисело млеко. Така цела година. Сега не го сака ни тоа. Сака само чоколадни работи; чоколино, леб со крем, бисквити понекогаш и смоки. Дури ни смути не сака веќе, а многу го сакаше. Постојано се убедуваме, седиме во ќоше на столче за да се убедиме, ама ништо. Не сака ни да помириса, не пак да проба. Дома нема ништо од тоа што сака да го јаде и не паѓам на шарм и плачки. Во градинка исто така не јаде ништо, крвта му е во ред…

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот