Ви се обраќам како загрижена мајка на момче кое има речиси 9 години. Тој е моето првородено дете, а имам и помала ќерка на 4-годишна возраст. Свесна сум дека во воспитувањето сум била построга и со поголеми очекувања кон мојот син, додека со помалото дете сум порелаксирана. Исто така, свесна сум дека не секогаш сум доследна во поставувањето граници. Често знам да кажам дека нешто не е дозволено, но кога децата ќе почнат да плачат или да се лутат, на крајот попуштам. Кај мојот син забележувам промени во однесувањето особено по раѓањето на неговата сестра. Тој стана понепослушен и почна да ги избегнува основните хигиенски навики. Речиси секојдневно морам да го потсетувам да си ги измие рацете, забите, да се истушира или навреме да оди во тоалет. Понекогаш, додека игра надвор, толку многу ја одложува потребата за одење во тоалет што може да му се случи да испушти малку во долната облека.
Дополнително ме загрижуваат неговите емотивни реакции. Во последно време почесто има напливи на плачење, лутина и повлекување и поради ситни причини. Понекогаш изгледа многу загрижено или тажно, без јасно да може да објасни што чувствува. Неодамна, на пример, наутро седеше сам во еден агол од собата, заграден со перници, без да сака да се приклучи со нас. Неговиот однос со сестра му е исто така тежок. Тој не сака да ја гушка, не сака таа да го допира и често се лути кога е во моја близина. Знае да каже: „Ако таа лежи до тебе, јас нема да дојдам.“ Нивниот контакт најчесто се сведува на бркање, расправии, викање и плачење. Многу ретко играат мирно заедно. Дали ваквото однесување може да се смета за вообичаена реакција на дете кое чувствува дека добива помалку внимание по раѓањето на помало дете?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк