21.06.2021
Живот
ЈСП: Ученичките билети за бесплатен превоз не важат за време на распустот
Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје соопшти дека ученичките билети за бесплатен превоз не важат за време на летниот распуст.
Оттаму истакнаа дека основците и средношколците, но не и матурантите, можат да купат месечен билет по повластена цена. Притоа месечен билет за јули или август чини 600 денари и важи за сите линии (градски и приградски).