X
 21.07.2020 Образование

Две бронзи на меѓународен математички натпревар освоија Лука Грашкоски и Михаела Хаџиска

Лука Грашкоски и Михаела Хаџиска освоија бронзени медали на меѓународниот математички натпревар Cyberspace Mathematical Competition, кој се одржа онлајн во 60 држави во светот. Лука Грашкоски е ученик во трета година во гимназијата „Нова“ и освои 28 поени, а Михаела Хаџиска, која е матурантка во „Јахја Кемал“, освои 23 поена.

Тимот за ова натпреварување го состави комисијата за меѓународни математички олимпијади при Сојузот на математичарите на Македонија.

Освен Грашкоски и Хаџиска, во репрезентацијата беа: Јасна Илиева, Христина Митреска, Иљир Лимани, Алек Јармов, Блаже Суклевски и Никола Спировски, кој беше полуматурант. Илиева, Лимани, Суклевски и Спировски  добија пофалници.  

Водачи на екипата беа проф. д-р Светлана Познановиќ и Мишко Митковски од Училиштето за математички и статистички науки при Универзитетот „Клемсон“ во САД. Натпреварот го организира „Американските математички натпревари“ (American Mathematics Competitions) и „Умешноста на решавање проблеми“) (Art of Problem Solving).

Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование