X
 21.12.2018 Живот

Книги што ќе ги воведат децата во светот на Езоповите и Лафонтеновите басни

Безвремените басни од Лафонтен и од Езоп, кои во овие привлечни сликовници се вкупно по 17 на број во секое издание, не само што ќе го привлечат вниманието на децата туку и на возрасните.

Лакомата ласица, Лавот и глушецот, Кокошката со златните јајца, Еленот крај потокот, Лисицата и јарецот... и сите други басни од Лафонтен, или Волкот и овцата, Зајакот и желката, Враната и бокалот... и други од Езоп, се спакувани во модерно дизајниран концепт на сликовница, со извонредни, впечатливи илустрации и со различни видови букви кои визуелно ги прават сликовниците уште попривлечни и поразиграни.



Ликовите на животните се весели, мили, а преку нив се отсликуваат одредени човекови особини или упатуваат на есенцијални пораки.

Се раскажува со лесен, ненаметлив и едноставен стил, речениците се кратки, јасни и содржат зборови што се разбирливи за децата.



Ова се две неверојатни книги кои ќе ги воведат децата во светот на Езоповите и Лафонтеновите басни и нивните мудри пораки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот