Топ 5 професии во наредните децении
Од сите промени кои минатата година ги донесе, можеме да се согласиме дека неколкуте добри нешта меѓу милионите промени се: достапноста на квалитетната едукација и ултра-брзиот развој на технологии почнувајќи од вештачката интелигенција (AI), software development, data science па се до cloud computing. 2020-та навистина ни покажа дека светска кариера од удобноста на својот дом е навистина возможна! Во морето од можности и брзорастечки професии, издвојуваме топ 5 професии, со кои можете да имате светска кариера - од дома.
UX дизајнер
UX (User eXperience) дизајнерите се всушност „магионичарите“ зад добриот дизајн и лесната навигација низ разните веб-страници или апликации. Токму тие се клучните играчи кои анализирајќи ги навиките на посетителите на одредена страница/апликација, ги прилагодуваат и надградуваат истите. Нивната улога во одредувањето на правецот на иднината, и начинот на кој секој од нас пристапува кон една веб-страница и „каде прво нашето око застанува” е огромна. Од добриот UX дизајн зависи времето на посета на одреден сајт, производите и информациите кои примарно ги забележуваме, леснотијата со која се одлучуваме за купување на одреден производ/услуга...со еден збор – се. Се што е потребно за еден сајт да го добие епитетот „добар сајт”. Заинтересиран/а си за својата иднина и сакаш да ја градиш твојата кариера како UX дизајнер? Погледни
повеќе тука за меѓународната академија за UX дизајнери!
Data Scientist
Во денешниот бизнис свет компаниите и организациите од ден на ден собираат и користат се повеќе податоци, со што побарувачката на обучени Data Scientists е веќе три години по ред најбарана професија во ИТ индустријата според Линкедин. Со можност за работа со секоја бизнис индустрија – од ИТ до производство или здравство – задача на секој Data Scientist е да собере, процесира, анализира и презентира податоци на компанијата со цел успешнодонесување стратешки одлуки поткрепени со потребни податоци. Изучувањето на
квалитетна едукативна програма за стекнување на Data Science вештини е важна за постанување на признаен Data Scientist во светски рамки.
Веб програмери
Професијата која си го има вкоренето своето место како професија на иднината: веб – програмирањето. Неопходната основа за секоја изработена веб апликација и веб страница која постои. Во својот секојдневен работен циклус, веб програмерите користат програмски јазици, системски структури и дизајнерски стратегии за да создадат и одржуваат веб страници и апликации. Ова е професија која ги зборува сите светски јазици, неопходна во сите домени на секој бизнис, локален или интернационален. Погледнете ги сертифицираните курсеви за програмерската кариера од вашата иднина, на
овој линк.
Cloud инженери
Наједноставно кажано: ви благодариме Could инженери што ни овозможивте безбедна работа од дома! Изминатата година cloud computing-от стана задолжителен за сите оние кои работат од далечина. Дополнително, паралелно со сите корпоративни процеси, компаниите забрзано вработуваат кадри кои имаат знаења за миграции на процеси, имплементирање на потребни инфраструктури и извршување на задачи во врска со cloud-и. Cloud инженерите вообичаено се нарекуваат solutions архитекти, cloud девелопери или sysops инженери, но нивните одговорности главно се состојат во планирање, мониторинг и управување со cloud системите на компаниите, како што се AWS, Microsoft Azure , Microsoft 365 и др.
Machine learning инженери
Дисциплината каде човечкиот потенцијал и моќта на вештачката интелигенција се вкрстуваат, и ја формираат брзорастечката и навистина возбудливата професија: Machine learning инженер.
Во основата на оваа професија, Machine learning инженерите користат big data да креираат комплексни алгоритми за програмирање на машини, економски предвидувања, предвидувања од областа на медицината, и останати модели на предвидувања, препознавање на слики, со што машините можат да учат и да се подобруваат без човечки фактор. Ова е навистина, добрата страна на иднината која не чека, ова е правецот во кој се движи светот, а брзорастечките економии придонесуваат се повеќе и повеќе потреба од оваа . Се вели дека во иднина побарувачката за
Machine learning инженери значително ќе расте. Ние велиме, добредојдовте во иднината!
(Комерцијална објава)