X
 29.06.2021 Живот

Работа на иднината - за неа ќе има хроничен недостиг на работна сила

Серија големи хакерски напади во текот на изминатата година послужија како повик за будење во светот, и за потребата од инвестирање во сајбер-безбедноста.

Неодамна, компанијата „Мајкрософт“ објави дека хакерите кои стојат зад нападот врз американската компанија „Солар виндс“ од 2020 година, извршиле нов напад врз повеќе од 150 владини агенции во САД, како и истражувачки центри и други организации ширум светот.

За потсетување, кон крајот на декември 2020 година, ИТ-компанијата „Солар виндс“ беше мета на напад што влијаеше и врз владините агенции на САД, бидејќи напаѓачите успеаја да влезат во нивните системи.

Беа нападнати само оние што беа на списокот на клиенти на „Солар виндс“, а експертите сега проценуваат дека околу 250 државни агенции и големи компании се загрозени.

Кон крајот на декември беше утврдено дека освен американската влада, засегнати се и големи компании како „Циско“, „Интел“, „Нвидија“, „Белкин“ и други.

Можеби највпечатливиот неодамнешен пример е хакерскиот напад врз „Колонијал пајплајн“, кој го одржува најголемиот нафтовод во САД. Нападот се случи на 7 мај и ја принуди компанијата привремено да го исклучи гасоводот, што предизвика зголемување на цените на горивата и панични набавки што доведоа до недостиг.


Дебаклот го чинеше „Колонијал пајплајн“ најмалку 4,4 милиони долари, колку што неговиот извршен директор призна дека им платил на хакерите.

Неколку недели пред нападот, компанијата објави список на работни места за менаџер за сајбер-безбедност.

rabota
Фото: Pixabay

Хроничен недостиг на работна сила

Според експертите, ваквите хакерски напади покажуваат дека е крајно време компаниите да почнат да инвестираат во сајбер-безбедноста.

Сепак, постои еден проблем: огромен, хроничен недостиг на работна сила во индустријата за сајбер-безбедност.

- Тоа е војна за таленти. Има недостиг на снабдување и зголемена побарувачка - вели Брајан Орме, директор на компанијата „Гајдпоинт секјурити“.

Милиони слободни работни места

Експертите известуваат за недостиг на работна сила во областа на сајбер-безбедноста најмалку една деценија, а сега порастот на компании што сакаат да вработат некој во оваа област може да го влоши проблемот.

Во моментов постојат околу 879.000 експерти за компјутерска безбедност во САД, и постои потреба за уште 359.000 работници, покажува истражување направено во 2020 година од меѓународна непрофитна организација, која нуди програми за обука и сертифицирање на сајбер-безбедност.

На глобално ниво јазот е уште поголем, со скоро 3,12 неисполнети позиции, според организација, чија директорка Клер Росо смета дека потребата е поголема, со оглед на тоа што некои компании го одложија вработувањето во текот на пандемијата.

Потребите се движат од почетни аналитичари на безбедноста, кои го следат сообраќајот преку интернет за да ги идентификуваат лошите актери во системот, до лидери на извршно ниво кои на извршните директори ќе можат да им ги презентираат потенцијалните финансиски и репутациони ризици од сајбер-напади.

Доколку побарувачката за експерти за сајбер-безбедност во приватниот сектор драматично се зголеми, некои експерти велат дека талентирани работници би можеле да ги напуштат државните агенции во Америка заради попрофитабилни работни места во компанијата. Ова е ризик што е особено акутен кај помалите локални агенции кои управуваат со критична инфраструктура во нивните заедници, но имаат ограничен буџет.

- Размислете за важноста на она што го прави вашата локална власт: прочистување на водата, третман на отпад, управување со сообраќајот, комуникации за спроведување на законот, јавна безбедност, управување со итни случаи. Но, „Амазон“ е таму и нуди вреќи пари за да ги заштити своите малопродажни центри - вели Мајк Хамилтон, главен службеник за безбедност на информации во „Критикал инсајт“.

Хамилтон, кој бил поранешен главен службеник за информациска безбеднот на Сиетл во Вашингтон од 2006 до 2013 година, вели дека локалните власти не можат да ги привлечат и задржат овие луѓе кога конкуренцијата е толку голема за нив.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот