Постојат лаги во кои самите себеси се уверуваме со што го саботираме сопствениот успех. Од друга страна, успешните луѓе не веруваат во тие работи. Се мисли на следниве најчести лаги кои си ги кажуваат луѓето.
Животот би ми бил многу подобар кога би се сменил мојот партнер, шеф, најдобар пријател
Често бараме вина во останатите за околностите во кои се наоѓаме. Наместо другите да ги обвинувате и да верувате дека тие треба да се сменат, започнете да дејствувате како успешните луѓе и бидете сопственици на своите одлуки. Тие не очекуваат другите да се сменат за да им биде подобро.
Не би бил/а толку очаен/јна да имав подобра работа
Веројатно барем еднаш во животот сте се нашле во ситуација во која сте верувале во ова. Но вистината е дека што и да работите имате можност сами да ги носите своите одлуки. Може да останете на работата која не ви се допаѓа или да пронајдете друга. Или едноставно може да го промените ставот и да бидете благодарни што имате работа.
Кога би имале повисока плата, не би биле во долгови
Ако имате проблеми со трошењето или до грло сте во долгови, заработката на повеќе пари веројатно е лажно решение со кое се тешите. Колку повеќе имате, толку повеќе би трошеле. Подобро престанете со трошење и исплатете ги долговите.
Престар/а сум за образование, патување, вежбање...
Годините не се изговор да не направите нешто што сте го сакале одамна. Само разгледајте на интернет - постојат многу примери од постари лица кои може да ви бидат инспирација. Годините се само бројка со која луѓето непотребно се нервираат.
Еден ден ќе...
Тоа што ќе го направите еден ден е најголема лага која сите ја кажуваме. Еден ден ќе патувам на Куба. Еден ден ќе научам да говорам пред јавност. Кога доаѓа тој ден? Доколку прашате која било успешна личност, таа ќе ви каже дека тоа е синоним за никогаш.
Никогаш не би можел да трчам маратон, да се качам на планина...
Освен доколку нешто физички не ве спречува да го сторите тоа што мислите дека не би го сториле, се лажете себеси и сите околу вас. Трчањето маратон не е поврзан со можностите туку со желбата. Ако навистина сакате да трчате, вие ќе го направите тоа. Научете ја разликата меѓу „не можам“ и „не сакам“.