Просечната месечна нето-плата во Македонија е најниска во Европа и во регионот. Тука некаде е и Албанија, а за нијанса подобра плата зема Србија, покажува најновото истражување спроведено од „Демостат“.
Истражувањето истакнува дека во Велика Британија нето-платата е 1.990 евра, во Франција 2.157 евра, Германија 3.771 евро, Италија 1.758 евра, Австрија 2.324 евра, а во Данска 3.270 евра.
Фото: Pixabay
Во земјите од регионот најниска нето-плата имаат Македонија со 376 евра и Албанија со 378 евра. Просечната плата во Србија е 442 евра, Босна и Херцеговина 440 евра, Црна Гора 512 евра, Хрватска 832 евра, Словенија 1.077 евра, Унгарија 703 евра, Романија 535 и Бугарија 457 евра.
Во
извештајот се наведува дека и во Грција, која најмногу ја погоди глобалната економска криза, сега просечната плата е 917 евра.