X
 09.07.2015 Економија

Компании кои најмногу трошат на маркетинг

Најголемите американски компании трошат значително многу пари на реклами. Топ 200 компаниите минатата година потрошиле вкупно 137.8 милијарди долари на реклами.

 

1


Тоа се 2% повеќе во однос на годината претходно. Но, иако стапката расте, тоа е најбавниот раст откако пазарот започна да се опоравува во 2010 година. Ова се комапниите кои потрошија најмногу пари на рекламирање.

Procter & Gamble

Минатата година потрошени се 4.6 милијарди долари на рекламирање, што е 4.2% помалку во однос на една година претходно. Оваа компанија воедно е и најголемиот светски огласувач. Оваа пролет финансискиот директор на компанијата најави дека ќе ги намали трошоците за рекламирање за 500 милиони долари. Исто така, компанијата верува дека интернетот е најефективен начин на рекламирање, па така вложува повеќе во дигиталниот маркетинг.

 

АТ & Т


Телекомуникацискиот гигант од Америка минтата година потроши 3.3 милијарди долари, што е незначителен 1.1% повеќе во однос на минатата година. Компанијата заедно со Apple и Microsoft, една од најголемите компании кои троши пари на рекламирање.

General motors

Компанијата потрошила 0.7% помалку средства во однос на 2013 година, па така вложила околу 3.1 милијарда долари. Една од рекламите која ја одбележи сезоната е секако онаа за Chevrolet во која за прв пат се појавува геј пар. Освен тоа, компанијата своите возила ги прикажуваше во филмот Captain America.

Comcast Corp.

Минатата година средствата за рекламирање беа намалени на 1.7% па биле потрошени 3 милијарди долари. 2014 година за оваа компанија беше година на критики за нивните услуги за корисници. Сепак, без оглед на се`, компанијата успеа со рекламирање да потроши големи пари. Една од највпечатливите реклами е онаа за Super Bowl, инспирирана од Star Trek.

 

Verzion communications


Verzion за 3.6% ги зголеми средствата за рекламирање, па минатата година потроши 2.5 милијарди долари. Истата година ја лансираа и нивната страна за content маркетинг наречена SugarString, но таа доживеа фијаско и беше изгасната два месеци подоцна.

Ford Motor Companу


Во 2014 година компанијата потроши 3.6% помалку од претходната година, односно 2.5 милијарди долари. Една од главните реклами беше онаа на Супер Боул во која се појавува глумецот Џејмс Франко.

 

Аmerican Express


Минатата година компанијата за кредитини картички потроши 7.9% повеќе, односно 2.4 милијарди долари. Во исто време тие ја најавија намерата да се намали буџетот од интернет рекламите и да се префрли на програмската технологија која се смета за потенцијално поефективна од директната продажба.

 

Fiat Chrysler Automobiles


Aвтомобилскиот гигант потроши околу 14% повеќе во однос на една година претходно, па во 2014 година беа забележани 2.2 милијарди долари потрошени за рекламирање. Најголем дел отиде на рекламата за новиот Fiat 500, во кој се појавува и раперот Шон Диди Комбс.

 

L'Oreal


Козметичката куќа дури и ги намали вложените средства за огласување на 2.2 милијарди долари. Според наведениот извештај, се чини дека најуспешните брендови всушност потроши малку пари на рекламирање.

Walt Disney Company


Во однос на минатата година, компанијата на реклами потроши 7.4% повеќе, односно 2.1 милијарди долари. Најмногу средства се потрошени на содржината од филмот Frozen кој во кината се појави уште од 2013 година, но интересот за овој филм, како и предметите поврзани со него, не се намалува до ден денес.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија