X
 22.06.2021 Живот

„Сопро“ ја отвори новата канцеларија во срцето на Скопје

Британската компанија Sopro по шест години на британскиот и пет години на македонскиот пазар, пред неколку недели ја отвори својата четврта канцеларија во срцето на градот Скопје, на плоштад Македонија.

Sopro постои благодарение на неверојатен тим и иновативна технологија. Иако се класифицира во маркетинг секторот, станува збор за компанија поддржана од брилијантен софтвер и тимот брои речиси исто толку девелопери колку и маркетинг специјалисти. Sopro ги поврзува своите клиенти (бизниси) со други бизниси со цел остварување продажба и раст. Ова го прават со постојани иновации, создавање нови технологии, проекти, и платформи кои се користат интерно во компанијата за поефективно доставување на услугата со што се двојат од конкурентските компании.

1

Sopro цели кон користење на најнови технологии во секоја објласт. На своите вработени им обезбедува модерна и пријатна работна средина, создадена со цел да поттикне креативност и заеднички напредок.

Новите канцеларии се направени со истата мисла.

5

Моника Јошевска – Менаџер за Македонија и раководител на оперативниот сектор, за новите канцеларии истакна:

„Кога го правевме планот за новите канцеларии, нашата цел беше да изградиме спој помеѓу модерен простор за работа кој поттикнува размена на идеи, но истовремено и простор во кој секој вработен ќе ужива додека поминува време. Плански креиравме катчиња низ канцелариите за сите оние на кои им е потребна креативна пауза во текот на денот. Делови од канцеларијата се исклучиво наменети за одмор, рекреација и дружба со колеги, вклучувајќи го кровот на канцелариите што го замисливме како градина. Канцелариите зафаќаат простор од 2,500 метри квадратни и располагаат со 12 конференциски сали и капацитет за тим од 300 вработени што само го потврдува нашиот план за зголемување на присуството на македонскиот пазар.“

2

Тимот на Sopro во Скопје моментално брои 130 вработени и овој број е во постојан раст.

-Пред речиси пет години ја отворивме нашата прва канцеларија во Скопје на плоштад Македонија која зафаќаше 100метри квадратни и имавме тим од 10 луѓе. Благодарение на пасијата и посветеноста на нашиот тим успеавме да го дуплираме бројот на клиенти и вработени секоја година. Во срцето на Sopro се луѓето. Нашиот примарен фокус е нивни раст и развој. Покрај пријатната работна средина, секој во Sopro има индивидуален план за развој и надоградување врз база на индивидуално поставени цели. Нашата филозифија е да се биде 1% подобар секој ден - истакна Моника Јошевска.

3


Sopro постојано има отворени работни позиции, најчесто од IT и маркетинг секторите. Повеќе за Sopro дознајте на нивната веб-страница.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот