Заштитените ливади во Лазарополе нема да се даваат под наем бидејќи огласот е поништен, потврдија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Огласот за парцелата во с. Лазарополе беше поништен и информацијата беше доставена до фејсбук-групата на лазарополци, каде што е објавен коментарот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски - изјави за Факултети.мк Марко Данилоски, одговорен за односи со јавност во МЗШВ.
Поништувањето на огласот за давање под закуп на местото наречено Ливатчија, односно познатите лазарополски ливади со ендемски вид нарциси, а кој беше објавен минатиот месец, доаѓа по петицијата на лазарополци со која се спротивставија на издавањето на заштитените ливади.
Наддавањето беше предвидено да се одржи утре.