Надлежните во градинките велат дека очекувале поголем интерес за упис на децата зашто по најавата дека сите се враќаат на работа имале многу јавувања од родителите. Најголем е интересот за сместување на децата во јасли, но направиле прераспределба и пренамена на простории кои не ги употребувале.
Елена Устаметова, директорката на градинката „Буба Мара“ во скопски Аеродром, вели дека најголем интерес за запишување деца има во најмалите групи, каде што треба да се сместат тие до двегодишна возраст. Но, потенцира дека состојбата не е алармантна.
– Имаме листа на чекање за деца што треба да посетуваат јасли. Приоритет ни е да го приспособиме просторот, салите за физичко воспитување ќе ги пренамениме во простории за престој на децата. Во некои групи ги надминуваме капацитетите за работа според протоколите, но ќе одговориме на сите родители што имаат потреба децата да ги сместат во градинка – вели Устаметова.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.