X
 28.01.2016 Образование

Зошто непослушното дете има повеќе шанси да биде успешно?

Ново истражување открива дека децата кои ги игнорирале правилата и нивните родители заработувале повеќе кога пораснале од останатите.


Доколку наидувате на отпор кога се обидувате да го принудите детето да пишува домашна задача, да работи или да ве послуша во некоја заповед, тоа може да биде знак за упорност кај детето. Оваа упорност може да му донесе успех подоцна, покажува ново истражување.

Откритијата објавени во „Developmental psychology“ го следеле развојот на 700 деца на возраст од 9 до нивната 40-годишна возраст. Притоа, тие го набљудувале нивниот начин на слушање, послушност, спротиставување на родителите и прекршувањето на правилата.

Дали може да погодите кои деца ги заработувале најдобрите плати на крајот? Оние деца кои ги игнорирале правилата и нивните родители.

Истражувањето, сепак, не е дефинитивен показател дека непослушните деца стануваат успешни.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование