Доколку сте заинтересирани за работа во државните служби, деновиве имате прилично голем избор каде да аплицирате.
Имено, утре е последен ден за аплицирање на огласите за вработување еден службеник во
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, но и на оние за вработување по 16 службеници во
Министерството за транспорт и врски и
Министерството за надворешни работи, а задутре се затвораат огласите за вработување во
Кабинетот на претседателот и во
Министерството за образование и наука.
До 27 месецов можете да се пријавите на огласот за вработување 4 службеници во
Градски паркинг - Скопје, а на 28 септември се затвораат огласите за вработување шестмина службеници во
Железници на Македонија и
огласот за прием на 200 професионални војници.
Еден ден подоцна, на 29 септември, се затвораат огласите за вработување во
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во
Државната изборна комисија, а до 30 септември можете да аплицирате за вработување во
Агенцијата за пошти.
До први октомври се отворени и огласите за вработување во
Судски совет и во
Министерството за локална самоуправа, а до 5 октомври можете да се пријавите за вработување во
Агенцијата за планирање на просторот.
Доколку, пак, сакате да работите во приватниот сектор, погледнете кои огласи се активни на нашиот портал -
ТУКА.