X
 01.03.2016 Живот

Како најчесто луѓето бараат работа?

„Boston consulting“ објави истражување за новите трендови меѓу кандидатите за работа. Имено, се работи за едно од најобемните истражувања од овој вид, а истото ги става во фокус начините на кои луѓето бараат работа, како и времето кое го трошат барајќи и степенот на задоволство од резултатот.


Истражувањето вклучило глобални и локални трендови, а ја покажува важноста на интернетот на пазарот на труд, на кој сите вклучени во процесот на вработување би требало да обрнат внимание.

Според резултатите од истражувањето, најчестите начини на барање работа се:

1. Комерцијални медиуми како што се весниците, списанијата, огласниците, интернет-страниците, постојаните и повремените агенции за вработување и тренинзите за вработување;

2. Јавни медиуми како што се државните служби за вработување, како центрите за информирање и онлајн-сервисите;

3. Препораки;

4. Директно прашување на работодавецот.

И покрај разновидноста на изборот, 38% од кандидатите користеле само еден медиум, а 26% од нив два.

Истражувањето покажало и дека поголемиот дел од кандидатите го смета интернетот за најефикасен медиум за барање интернет, дури 55%.

Најчесто, кандидатите кои користат интернет-медиуми се млади и образовани. Испитаниците во истражувањето изјавиле и дека интернетот им пружа поголема и поширока понуда на работа од останатите медиуми.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот