X
 22.11.2021 Живот

Промоција на проектот „Младите размислуваат“ на УСАИД

ИРЕКС и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ќе го претстават проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Главен фокус на овој проект се младите во земјава, а целта, според УСАИД, е тие да се поттикнат да станат одговорни и активни граѓани, способни да се спротивстават и да ги надминат негативните влијанија на дезинформациите.

Во рамките на настанот ќе се одржи и дебата меѓу претставници од различни групи млади кои ќе дискутираат за важноста на медиумската писменост во образовниот процес и во новото медиумско опкружување.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ е петгодишен проект, а со неговата денешна промоција се означува и почетокот на Деновите на медиумската писменост.

фото: ФБ на Македонскиот институт за медиуми (МИМ)


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот