X
 11.11.2021 Живот

Отворен повик за пријавување на вториот Хакатон за отворени податоци

Ги покануваме сите заинтересирани студенти, стартап-компании од областа на ИT и сите ИT-ентузијасти да се пријават за учество на второто издание на онлајн Хакатонот за отворени податоци, кој ќе се одржи од 30 ноември до 3 декември 2021 година, во рамките на 17. издание на Меѓународната конференција е-Општество.мк. Хакатонот се организира во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Што е „Хакатон за отворени податоци“?


Хакатонот за отворени податоци е 4-дневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение кое ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

Кој има право на учество?

Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап-компании од областа на ИТ. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и слично. Еден тим може да биде составен од најмалку тројца членови, а најмногу осум. Едно претпријатие (*стартап-компанија) може да пријави само еден тим.

*Стартап-компанија е претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сè уште работи на развивање иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициона фаза.

Награден фонд за победникот?


Победникот на Хакатонот ќе добие финансиска поддршка од 3.000 долари наменета за комплетирање на демо-верзијата (предложена и изработена за време на Хакатонот) во функционална апликација.

Регистрација на учесниците


Пријавувањето на тимовите е отворено до 24 ноември 2021 година, до 16:00 часот. Регистрацијата е на следниот линк, а формуларот го пополнува секој член на тимот поединечно.

Прашања и одговори?

Вашите прашања може да ги испратите на hakaton@metamorphosis.org.mk; најдоцна до 20 ноември 2021 година. Деталните информации поврзани со Хакатонот се достапни во документот: Информации – Хакатон за отворени податоци

Пријавете се!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот