X
 22.12.2018 Култура

Оскари 2019: Предвидувања, номинации и најголеми моменти

Оскарите 2019 година ќе се одржат на 24 февруари во недела. Церемонијата бара нов водител откако Кевин Харт се откажа, два дена откако беше објавено дека ќе ја води, поради хомофобичните шеги што ги направил во минатото.

Номинациите за Оскарите ќе бидат објавени во вторник, на 22 јануари. Се претпоставува дека трката за најдобар филм ќе вклучува прилично големи хитови што ги обожава публиката и веројатно првиот суперхеројски филм некогаш номиниран во оваа категорија. Овогодишните хит филмови се „A Star is Born“ и „Black Panther“ како и „The Favourite“ и „If Beale Street Could Talk“. Исто така, ова би можела да биде годината кога „Нетфликс“ ќе ја добие својата прва номинација за најдобар филм, филмот „Roma“.

Оскарите се доделуваат во 24 категории чија цел е да ги откријат техничките и уметничките достигнувања за таа година. Академијата е организација составена од членови кои работеле во филмската индустрија, а нејзините членови гласаат за номинираните и евентуалните победници. Неодамна, организацијата беше критикувана поради огромниот недостаток на родова и расна разновидност; како одговор на тоа беа поканети поразновидни групи на филмски професионалци, вклучувајќи 928 луѓе во 2018 година да се приклучат на нејзините редови.

Оваа есен, академијата се откажа од плановите за доделување на контроверзниот Оскар за достигнувања во „Популарен филм“, барем за циклусот на награди за 2018 година. Категоријата беше најавена на почетокот на август, но предизвика голема критика од филмските сценаристи и гледачите на Оскарите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура