X
 10.08.2018 Култура

Познати филмови полни со нелогичности во сценаријата

Дури ни во најпознатите холивудски блокбастери со милионски заработки некои работи во приказните немаат смисла. Едноставно не се логични.

„Боред Панда“ направи листа со неколку „дупки“ во филмските сценарија, кои иако немаат смисла, поради некоја причина сепак се за верување.

1. „Армагедон“




Во „Армагедон“ на НАСА ѝ била потребна помош, па затоа го повикала најголемиот експерт во дупчење нафта да ѝ помогне да уништи метеор што ѝ се заканува на Земјата, но еден од главните актери, Бен Афлек, во една пригода ја откри бизарноста во филмот - било поедноставно да се научат астронаутите да дупчат отколку експертите во дупчење да бидат астронаути. Кога Афлек го потенцирал тоа, режисерот Мајкл Беј му рекол да замолчи.

2. „Лара Крофт: Томб Рајдер“



Целта на Лара во филмот е да го уништи триаголникот за илуминатите да не можат да го искористат, но откако ќе го пронајде првиот дел од триаголникот, останатиот дел од филмот го бара вториот дел наместо едноставно да го уништи само првиот дел бидејќи без него вториот дел од триаголникот очигледно нема да дејствува.

3. „Приказна за играчките“




Ако Баз не верува дека е играчка, туку мисли дека е вистински астронаут, зошто се замрзнува кога се појавуваат луѓе, како сите други играчки?

4. „Гравитација“




Во филмот Ковалски ѝ вели на Стоун да ја пушти бидејќи јажето не може да ги задржи двајцата, но тоа воопшто нема смисла бидејќи тие се наоѓаат во истата орбита околу Земјата. Едно повлекување би било доволно за тој да биде до неа.

5. „Кодот на Да Винчи“




Воопшто не било потребно да се знае шифрата за отворање на капсулата во која се наоѓал оцет од многу едноставна причина - оцетот се замрзнува на ниски температури и како таков не би можел да ја уништи хартијата. Така, доволно е да се стави капсулата во замрзнувач, да се скрши и да се открие пораката.

6. „Мамурлак“



Денес секое казино има надзорни камери на секој агол, така што би било невозможно некој цели два дена да не забележи дека Даг „се пржи“ на покривот.

7. „Пепелашка“



Ако магијата престанува на полноќ, зошто чевличката останува стаклена по полноќ?

8. „Хари Потер и реликвиите на смртта“ - втор дел



Низ сите продолженија од филмот се споменува дека Хари ги има очите на неговата мајка. Но во ова продолжение, во сцената кога се појавува неговата мајка Лили како дете, таа е покажана со кафеави очи иако Хари има сини.

9. „Европатување“




Миеке ја блокира само е-адресата на Скот. Тој можеше да ѝ испрати порака од друга е-адреса и да го избегне целото патување.

10. „Големиот Гетсби“




Кога Ник се обидува да го пронајде Гетсби на забавата, неколку луѓе му велат дека никој никогаш не го видел Гетсби. Но подоцна во филмот се прикажани сцени што покажуваат весници со неговата фотографии и информации за неговите потези.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура