X
 22.12.2020 Образование

Виктор Велевски е нов директор на Државниот студентски дом - Скопје

Дарио Николовски си заминува од челната позиција во Државниот студентски центар, а на негово место е назначен Виктор Велевски.

Велевски е од Кавадарци, роден во 1991 година. Бил генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија. Има завршено постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На директорската позиција доаѓа од Управата за јавни приходи, каде што бил вработен. Од лани е член и на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во надлежност на Државниот студентски дом - Скопје се студентските домови во главниот град. Оваа институција до пред неколку години имаше долг од 300 милиони денари, а сега таа состојба е драстично подобрена. Во изминативе години подобрен е и изборот и квалитетот на храната во студентските домови, нешто што беше проблем во минатото.

За храна и сместување во студентски дом во Скопје, конкретно во „Гоце Делчев“, еден студент плаќа 3.400 денари месечно.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование