Улко-Тамио е мал ненаселен остров во Финска познат како одлично место за планинарење и едрење. Општината „Котка Хамина“ сега го промовира овој остров како првиот остров за дигитален детокс, каде нема да се користат телефони.
- Островот Улко-Тамио, кој се наоѓа во близина на брегот на Хамина, ова лето ќе биде област без телефони. Сакаме да ги поттикнеме туристите да ги исклучат своите паметни уреди и да застанат и искрено да уживаат на островите - изјавиле од туристичкиот оддел на општината.
Тоа не значи дека островот нема да има интернет-конекција. Целта на општината е да се потпрат на подготвеноста на самите посетители да се одвојат од своите телефони додека уживаат во посетата на местото. Сепак, тие не се принудени да го сторат тоа, само охрабрени на пријателски начин.
На крајот на краиштата, ако некој сака да гледа во екран, може да го правите тоа на друго место. Зошто да не се обидете да го видите овој остров на поинаков начин?
Извор:
The mayor
Насловна фотографија:
Visit Kotka Hamina