Додека 2024 година е исполнета со многу случувања и важни одлуки кои влијаат врз луѓето што ќе стигнат до ЕУ-блокот и врз граѓаните на ЕУ, следната година треба да има нови унапредувања, правила и приспособувања.
Од проширувањето на шенген-зоната до лансирањето на два нови гранични системи, промените нема да изостанат во 2025 година. Ова се некои од клучните ажурирања што ќе дојдат во ЕУ следната година.
Системот за влез/излез и Европскиот систем за информации и овластувања за патување ќе бидат пуштени во употреба во 2025 година
Една од најважните промени што ќе се случат во 2025 година е воведувањето два напредни гранични системи и системи за патување – Системот за влез/излез (EES) и Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS).
ЕУ требаше да го имплементира ЕЕС во ноември 2024 година. Сепак, поради одредени проблеми, вклучително и некои земји членки кои изразија неподготвеност, властите одлучија да го одложат неговото започнување.
Според официјалната веб-страница на ЕУ за ЕЕС, новиот граничен систем треба да започне во 2025 година. Дополнителни информации за конкретен датум допрва треба да се споделат по состанокот на Советот за правда и внатрешни работи.
Новиот граничен систем на ЕУ, кој ќе го замени рачното ставање печати во пасошите, ќе донесе предност и за земјите членки и за странските патници кои ќе стигнат до блокот. Новиот систем ќе влијае врз сите патници, без разлика дали им е дозволен безвизен влез во шенген-зоната или не. Регистрацијата ќе се врши на надворешната граница на ЕУ и нема да се бара ништо пред патниците да го започнат своето патување.
Штом ќе се имплементира ETIAS, околу 1,4 милијарди луѓе од повеќе од 60 земји ќе треба да аплицираат за документот многу пред да го започнат своето патување.
Целта на овие два система е да се зајакне безбедноста на Европската Унија и безбедноста на патниците.
Бугарија и Романија ќе станат земји членки на шенген-зоната на 1 јануари 2025 година
Друга важна и долгоочекувана промена што ќе се случи следната година е влезот на Бугарија и Романија во шенген-зоната преку копнени граници.
Бугарија и Романија се веќе членки по воздушен и морски пат, а на 1 јануари 2025 година двете земји ќе станат полноправни членки на шенген-зоната. Целосното влегување на Бугарија и Романија во шенген-зоната значи дека двете земји повеќе нема да имаат внатрешни гранични контроли со нивните соседни шенген-земји, што ќе овозможи олеснето движење на нивните жители и патници.
Грција ја проширува програмата за златна виза, а Шпанија ја укинува
Како што објаснуваат грчките власти, проширувањето значи дека следната година оние што инвестираат во стартапи ќе имаат право на златна виза за земјата. Но, сепак, постојат одредени услови, на пример, минимална инвестиција од 250.000 евра во стартапи наведени во националниот регистар на стартапи.
За разлика од Грција, која сака да ја подобри својата програма, Шпанија сака да им стави крај на златните визи преку инвестиции во имот. Конгресот на пратеници во Шпанија веќе го одобри предлог-законот за ставање крај на овој вид инвестициска опција, а планот за стапување во сила на новиот закон е јануари 2025 година.
Некои европски градови ќе воведат или ќе ги зголемат туристичките такси наредната година
Почнувајќи од 1 јануари 2025 година, португалскиот град Мадеира ќе има такса за туристите кои сакаат да пешачат во која било од 30. патеки во регионот. Со воведување таква такса, Мадеира сака да ја заштити природата на островот, како и да го подобри искуството поврзано со пешачењето на посетителите.
Италијанските власти одлучија да го продолжат данокот на Венеција и да воведат повисоки такси за одредени посетители. Моменталната туристичка такса од 5 евра во Венеција ќе продолжи да важи за посетителите во текот на 2025 година, а оваа такса за некои ќе се удвои.
И Грција ќе ги зголеми туристичките такси. Во 2025 година оние што ќе ја посетат Грција ќе треба да плаќаат дневен данок од 2 евра наместо сегашните 0,5 евра. Данокот дополнително ќе се зголеми во топ-сезоната, помеѓу април и октомври, од сегашните 1,5 на 8 евра. Во 2025 година ќе се зголемат даноците за бродови за крстосување.
И другите градови на ЕУ би можеле да воведат такви даноци наредната година.
Франција ќе ги заостри критериумите за апликантите за повеќегодишна дозвола за престој
Франција ќе воведе строги правила за странците што аплицираат за дозволи за престој во 2025 година. Правилата ќе се заострат за оние што сакаат да добијат повеќегодишни картички за престој. Кандидатите за оваа дозвола за престој ќе треба да докажат познавање на јазикот на ниво А2.
Извор:
Schengen.news
Фото: Freepik