Кога размислуваме за големината на изумрените животни, нашиот ум би можел да се насочи кон големиот ти-рекс од филмот „Паркот Јура“. Колку и да изгледа застрашувачки, има и други суштества чија средба би била многу страшна.
Јутјуб-каналот WTD создаде дигитална анимација која ги прикажува големините на изумрените животни заедно со нивните постојни потомци. Некои застрашувачки суштества денес имале многу позастрашувачки роднини во минатото.
Видеото започнува со претставување на нуралагусот, роднина на зајакот. Но, работите за брзо време ескалираат. На пример, додека модерните дабари се високи околу 43 сантиметри, нивниот предок, кастороид, бил висок 91 сантиметар и 2 метра долг. Истото важи и за царскиот пингвин. Со висина од 1,2 метри, тие се симпатични, но антропорнис норденскјоелди бил висок речиси 2 метра.
Анимацијата покажува и некои суштества кои, иако по големина се речиси слични на нивните потомци, имаа некои многу специфични карактеристики.
WTD создаде и други анимации кои ги споредуваат животните од минатото и сегашноста.
Фото: Screenshot/YouTube