X
 03.02.2017 Технологија

„Facebook“ ќе започне да плаќа пари за вашите видеа

фб

„Facebook“ им пркосеше на предвидувањата на економистите и откри дека неговиот раст нема да запре во скоро време. Во средата, компанијата изјави дека нејзиниот приход се зголеми 51 отсто во четвртиот квартал на 2016 година. Компанијата на Цукерберг исто така можеше да ги претвори 52 центи од секој долар во оперативен профит. Но, пред растот на „Facebook“ да се „сопне“, што следува?

Минатата година, „Facebook“ ризикуваше со видеата и воведе видеа во живо - ризик кој навистина се исплати. Сега, компанијата ќе инвестира повеќе пари за да создаде нова машина која ќе им прави пари. Самиот Цукерберг смета дека видеото моментално е мега трент.

„Токму затоа ќе продолжиме да ги ставаме видеата во апликациите и ќе им овозможиме на луѓето полесно и на нов начин да споделуваат видео или да направат видео“, вели тој.

Неодамна, се појавија гласини дека „Facebook“ развива видео апликација за „Apple TV“ и други телевизори. Оваа гласина се` уште не е потврдена, меѓутоа јасно е дека компанијата е подготвена да оди чекор понатаму со видеата.

Таа наскоро ќе започне да им плаќа на креаторите на видеа. После ова, социјалната мрежа ќе спроведе поагресивна кампања за почесто појавување на видеата на „News Feed“ кај секој корисник. Моделот ќе биде сличен на „YouTube“, со што ќе се овозможи да се соберат повеќе творци на видеа.

Компанијата планира да ги сподели своите приходи од видеата со креаторите на содржините и да ги намами да продолжат да придонесуваат видеа. Освен тоа, „Facebook“ додаде и нов видео таб на апликацијата за телефон.

Се чини дека социјалната мрежа е подготвена да направи уште еден скок и да ја тргни етикетата на традиционална компанија за социјално вмрежување. Со зголемувањето на нејзиното учество во исполнување на потребите на луѓето за вести, таа веќе се претвори во медиумска компанија, со раст дополнително зајакнат со помош на вложувањето во видеата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија