Крадец влегол во стан во зграда во Рим за да изврши грабеж, но кога видел книга во спалната соба на сопственикот, седнал на креветот да ја прелиста, па така бил откриен, пишуваат италијанските медиуми.
Веројатно мислел дека нема никој во домот, меѓутоа, сопственикот на станот повикал полиција кога слушнал звуци од спалната соба.
„Образованиот крадец“, 38-годишен Италијанец, како што пренесуваат локалните медиуми, е уапсен откако 71-годишниот сопственик на станот повикал полиција. Медиумите пишуваат дека крадецот бил пронајден во станот додека лежел на кревет и читал книга.
Извор: 6yka.com
Фото: Freepik